Македонија искрена и пријателска средба

Мицкоски-Касаноф: Поддршка од САД за аспирациите на Македонија за целосна евроатлантска интеграција

Мицкоски-Касаноф: Поддршка од САД за аспирациите на Македонија за целосна евроатлантска интеграција

Имавме искрена и пријателска средба која беше потврда за тридецениското партнерство помеѓу двете земји кое се темали на заеднички вредности и визија за подобра иднина. Се разбира дека разговаравме за нашите евроинтеграции, зајакнување на владеење на правото и економскиот развој кој што претставува приоритет на нашата влада.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, по средбата со заменик-помошникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан Александар Касаноф.

-Остануваме како земја да бидеме посветен сојузник и партнер на САД, се разбира и како Влада. наша задача е да ја продлабочуваме нашата соработка.

Разговорите, според Касаноф, биле продуктивни и доста опсежни.

-Сржта на разговорите беше поддршката од САД за аспирациите за целосна евроатлантска интеграција, како и реформите и придобивките кои ќе дојдат со пристапувањето кон ЕУ.

Најнови вести од Македонија

To top