Денес во Собранието на Република Македонија, во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, учествував на панел дискусија во организација на ДКСК.
Главна тема беа секако, клучните активности и предизвици во градењето на систем отпорен на корупција, Орце Ѓорѓиевски претседател на ЗЕЛС и градоначалник на oпштина Кисела Вода.
-Корупцијата е сѐ уште голем проблем во нашето општество. Таа влијае на развојот на земјата, а истовремено ја зголемува и недовербата во институциите.
Само со заедничка акција на институциите и со поддршка од целокупната јавност, оваа борба ќе има вистински ефект, бидејќи напредокот на ова поле е еден од клучните фактори за приклучување на Македонија кон ЕУ, наведе во објавата.
-Обединети во оваа цел, со транспарентно и конструктивно работење, ќе можеме да ја водиме битката против корупцијата и секако, ќе имаме ефект од истата таа борба, потенцира Ѓорѓиевски.