Хроника кривична пријава

Притвор од 8 дена за скопјанецот кој се обиде да запали знаме

Притвор од 8 дена за скопјанецот кој се обиде да запали знаме

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.К. (20) од Скопје поради сторено кривично дело по член 319 од КЗ.

На 02.12.2024 во 23.10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода К.К.(20) од Скопје, кој бил затекнат при обид со запалка да запали знаме.

Знамето и запалката биле одземени, а тој бил задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор од осум дена.

To top