Македонија Недозволен обид за трансфер на ученик

ВИДЕО: Родители на бојкот пред ООУ „11 Октомври“ поради трансфер на насилен ученик- бараат системско решение

ВИДЕО: Родители на бојкот пред ООУ „11 Октомври“ поради трансфер на насилен ученик- бараат системско решение

Недозволен обид за трансфер на ученик од улилиштето „Лазо Ангеловски“, во „11 Октомври“. Вака родителите ја објаснуваат причината за нивниот револт и бојкотирање на наставата во училиштето.

-Факт е дека родителот на конкретното дете чиј идентитет не го откриваме, прикрива факт за поведението на неговото дете во ООУ „Лазо Ангеловски“ и покренува постапка за трансфер редовен што е недозволиво кога детет има такво поведение- насилно, тоа е констатирано согласно упатството на Министерството за образование и наука, и евидентирано не само во училиштето туку и во општина Аеродром. При такви околности е невозможно да се заведе таква постапка, но родителот доаѓа тука ги прикрива тие факти и ја прибавува согласноста без да знае раководството, вели Горан Нациќ, претставник на родители од училиштето 11 Октомври и додава дека откако дознале родителите биле на прием кај директорката, која исто така била изненадена, по што ја повлекла согласноста, бидејќи немало услови за таква редовна постапка.

Родителите имале обид да контактираат со Државниот просветен инспекторат, но безуспешно.

Бараат системско решение и да не се врши притисок врз раководството на улилиштето „11 Октомври“, во спротивно бојкотот ќе продолжи.

„Моето дете има право на безбедно образование“, „И мојата ќерка има право на образование“, порачаа родителите од пред училиштето во општина Центар.

Инаку, учениците од прво до четврто одделение од училиштето „11 Октомври“ во Центар денеска не дојдоа на настава. Ваквата одлука е донесена во знак на бојкот поради префрлање на ученик кој претходно бил отпишан од друго училиште поради насилно и проблематично поведение.

Родителите стравуваат дека насилното однесување на ученикот ќе се повтори и во новото училиште.

Ситуацијата се разгорела откако родителите дознале дека ученикот претходно бил отпишан од друго училиште за инцидент во кој следел девојче во тоалет, по што го нападнал.

Наставничката која била сведок на настанот го потврдила инцидентот, по што се презеле мерки за негово префрлање.

Најнови вести од Македонија

To top