Скопје 3 ДЕКЕМВРИ – ДЕН НА ИНКЛУЗИЈАТА И ПОДДРШКАТА

Стојкоски: Заедно градиме општество без пречки

Заедно градиме општество каде што секој има своја шанса и можност за достоинствен живот. Да ги поддржиме, да ги почитуваме и да ги охрабриме, бидејќи од сите нас зависи!, објави Стојкоски.

Стојкоски: Заедно градиме општество без пречки

Меѓународниот ден на лицата со попреченост се одбележува секоја година со цел да поттикне разбирање за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост и да ја мобилизира поддршката за нивното достоинство, права и благосостојба. Овој ден нè потсетува дека интеграцијата на лицата со попреченост во сите аспекти на животот – политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот – не е само наша обврска, туку и наша заедничка придобивка, објави Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров, на социјалните мрежи.

„Секој ден е можност за поддршка, но 3 декември е денот за гласност и посветеност!
По повод овој значаен ден, организиравме Отворен ден на часот по физичко и здравствено образование под мотото „Заиграј со нас“, каде што учествуваа деца со типичен и атипичен развој. Во спортската сала „Христо Батанџиев“, низ активности кои вклучуваат стимулација на физичкиот развој, социо-емоционалниот развој, ориентација, координација, прецизност, брзина, рамнотежа и визуелна интеграција, уште еднаш покажавме дека сите деца, без разлика на нивните способности, заслужуваат поддршка и можност за напредок.

Како Општина Ѓорче Петров, секогаш стоиме на страната на инклузијата! Со гордост можеме да кажеме дека токму кај нас функционираат најголем број центри за поддршка и развој на лицата со попреченост. Нашата заложба е јасна – никогаш нема да дозволиме овие наши сограѓани да бидат заборавени или оставени на маргините“, потенцира во објавата Стојкоски.

Заедно градиме општество каде што секој има своја шанса и можност за достоинствен живот. Да ги поддржиме, да ги почитуваме и да ги охрабриме, бидејќи од сите нас зависи!, објави Александар Стојкоски на својот фејсбук профил.

To top