Свет Истражување

Холандија: Околу 18 милијарди евра годишно чини лекувањето на болестите предизвикани од загадениот воздух

Како најголеми загадувачи во Холандија се посочува земјоделскиот сектор, особено сточарството. Сточарството во Холандија го загадува воздухот главно поради големата емисија на амонијак, до тој степен што лекувањето на последиците од ова загадување чини три милијарди евра годишно.

Холандија: Околу 18 милијарди евра годишно чини лекувањето на болестите предизвикани од загадениот воздух

Здравствениот систем на Холандија годишно издвојува околу 18 милијарди евра за лекување на болестите предизвикани од загадениот воздух, покажуваат резултатите од истражувањето на емисиите на 15 штетни материи.

Како најголеми загадувачи во Холандија се посочува земјоделскиот сектор, особено сточарството. Сточарството во Холандија го загадува воздухот главно поради големата емисија на амонијак, до тој степен што лекувањето на последиците од ова загадување чини три милијарди евра годишно.

Сообраќајот и транспортниот сектор предизвикуваат штета на холандскиот здравствен систем од околу 5,3 милијарди евра, а индустријата, енергијата и рафинериите заедно предизвикуваат штета од 3,1 милијарди евра.

Холандскиот Институт за јавно здравје (РИВМ) наведе дека загадениот воздух го зголемува ризикот од астма, срцеви проблеми, висок крвен притисок и предвремено породување. Според РИВМ годишно околу 11.000 Холанѓани умираат осум месеци порано секоја година од последиците од дишење на загаден воздух.

Истражувањето спроведено врз основа на методот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

To top