Фудбал Премиер лигата

Слот: Против Сити одигравме речиси совршено

Екипата на Арне Слот постигна 34 бода и води на првенствената табела. На второто место се Арсенал и Челзи со по 25 бодови.

Слот: Против Сити одигравме речиси совршено

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот е задовоелн од играта на неговите фудбалери во триумфот над Манчестер сити (2:0) вчеравечер во натпреварот од 13. коло на Премиер лигата.

– Беше речиси совршен натпревар. Поради бројот на пропуштени шанси на крајот малку стравувавме, но можеби тоа е добра работа за вакви натпревари. Така треба да биде. Но, поубаво би било да го постигневме вториот гол порано, истакна Слот за „Скај Спорт“.

Ливерпул ја освои четвртата победа во низа во Премиер лигата. Екипата на Арне Слот постигна 34 бода и води на првенствената табела. На второто место се Арсенал и Челзи со по 25 бодови.

To top