Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн вчеравечер се повреди на натпреварот од 12. коло на германскиот шампионат против Борусија Дортмунд (1:1).
Англичанецот почувствува непријатност во бутен мускул во 33. минута од играта, по што беше заменет.
– Кејн заработи мало кинење на ложата на десната нога за време на вчерашниот натпревар. По прегледот на медицинскиот оддел, сигурно е дека Кејн ќе биде надвор од терените, засега на неодредено време, се вели во соопштението на баварскиот клуб.
Кејн игра за Баерн Минхен од 2023 година. Сезонава 31-годишниот Англичанец има 20 гола и седум асистенции на 19 натпревари за тимот во сите натпреварувања.