Очебијно, времето не лечи се’, но барем пустото открива кој глумел. Ова е најевидентно со „миразот на Заев“, едностраниот Преспански договор, каде грчките актери ја открија играта на „добар и лош џандар“, која Неа Демократија и Сириза ја играа во Атина.
Во времето кога во Македонија насила се носеше промената на името, соддржана во капитулантскиот Преспански договор кој го донесоа Заев и Димитров, поддржани од сите албански партии и неколку киднапирани одроди, Мицотакис и неговата Неа Демократија беа наводно остро против Договорот од Нивици и глумеа дека бил контра грчките интереси. Денеска, истиот тој Киријакос се заканува со ЕУ блокади, па дури и со некакви реперкусии и наводно исклучување од НАТО за да истиот тој едностран договор се оддржи на сцена. Во меѓувреме, Сириза ита кон историја, со трет лидер по Преспа, исто како и нивниот македонски копотпишувач, СДСМ. Мицотакис јуниор призна и дека ја кодоши Македонија во НАТО за неупотребата по дома на она на С.
„Верувам дека земјата ќе сфати дека не е во нејзин интерес да инсистира на ставот што создава проблеми со нејзиниот најголем сосед, кој исто така е и голем инвеститор во земјата и од кого очекува поддршка на европски пат, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Антена“, говорејќи за односите со Македонија и уште еднаш ја повтори позицијата дека очекува јасен став од државниот и политичкиот врв дека го почитува Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис рече дека (верувале или не) на Балканот, за жал, сè уште постојат сили кои сметаат дека ќе имаат политичка корист ако ги разбудат старите духови на балканскиот национализам.
Ги повтори позициите за Договорот од Преспа што ги имаше пред Нова демократија да дојде на власт и уште еднаш посочи дека името на државата е С. Македонија, тоа не се оспорува, без разлика дали се претставува во странство или името се користи за внатрешна употреба.
На прашањето на новинарот дали треба Грција поинтензивно да ги информира сојузниците за ставот на С. Македонија, Мицотакис кусо одговори дека веќе го сториле тоа.
Интервјуто за телевизијата „Антена“ беше од Солун по повод отворањето на метрото, а Мицотакис говореше за сите теми поврзани како со надворешната, така и со внатрешната политика.