Статутот и Правилникот за членство во Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска беа измените на Годишното неизборно собрание на ЗНМ. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски истакна дека измените се однесуваат на тоа кој се може да биде член на Зздружението.
-Се наметна потреба за ова, бидејќи доста од нашите колеги членуваат во комисии, кои можат да обавуваат општествена улога во нив, но затоа можат да земаат и хонорари и да бидат платени. Поради ова имавме дилеми дали луѓето коишто учествуваат во некакви државни тела можат да бидат членови на ЗНМ. Се утврди доколку учествуваат волонтерски, немаат одлучувачка одлука во тие тела, тие можат да бидат членови на ЗНМ. Но, доколку имаат вработување или сличен ангажман и одлучувачки ангажман во државни, општествени раководни тела и комисии и во тој случај тие можаат да имаат придружно членство во Здружението на новинари на Македонија, рече Чадиковски.
На денешното неизборно собрание на ЗНМ имаше и статурни измени за да се подобри работата на Советот на честа. Едногласно се донесе и измената чланарината за две години наместо 600 денари, да биде 1.000 денари. Се прецизираше и за годишните награди на ЗНМ за наградите за новинарите од внатрешноста, односно кои живеат и работат во општините на регионалните центри на ЗНМ, како и се воведува награда и за снимателите.
-Се на се имавме успешно Собрание. Освен овие статурани измени разговаравме и за идните насоки на делување на ЗНМ во контекст на подобрување на статусот на новинарите во ова општество, подигнување на достоинството и квалитетот на новинарската професија и зголемување на квалитетот на новинарската професија кај локалните медиуми, вели Чадиковски.
Прашан кој ќе бидат целите на ЗНМ, Чадиковски со одговор дека имаат повеќе теми, од кои едната е правната заштита на новинарите, обидите да се спречат нападите и заканите кон новинарите, особено кон новинарките на социјалните мрежи.
-Ќе работиме на етаблирање на Фонд за медиумски плурализам. Тоа е Фонд од којшто најголема корист, бенефит ќе имаат новинарите, не зборувам само за парична корист, туку зборувам и за подигање на квалитетот на новинарската продукција, насекаде низ Македонија, како и во етаблирање на Академијата за тренинг на новинари и медиумски работници што ЗНМ ја спроведува со холандското Здружение на новинари, вели Чадиковски.
На денешното Годишно неизборно собрание на ЗНМ беше истакното дека професијата се соочува со недостаток на новинари, а пред се, на млади новинари и оти низ општините во земјава за една година се затворија неколку медиуми.