Хроника македонија

Нема неказнето да помине ни возачот од чиј автомобил испаднаа лица

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, рече дека ќе бара казни дури и за лицето кое го вози автомобилот од кој испаднаа повеќе лица за време на прославата на албанското знаме. Лицата можеа тешко да настрадаат, ако се суди според снимката.

„Дури и оние кои беа идентификувани десетина луѓе, и управуваат моторни возила, ставија во опасност живот на нивни сопатници, па видовме како летаат четири пет лица од неа. Па некој може да скрши нога, глава и слично. Ќе ги идентификуваме сите. И тие ќе одговараат. Десет идентификувавме до сега, ќе има прекршочни пријави, за управување на возила спротивно на закон“, рече Тошковски и додаде:

„Полицијата максимално професионално одговори. Замислете како ќе излгледаше на денот на прославата на албанското знаме, организирано од страна на една општина, да имаше специјалци околу народот.. Како хипотеза да го поставиме и отвориме како прашање, како ќе се реагираше од народот? Така што, многу добро, колку и да има недобронамерници во јавноста, полицијата изреагира добро, трезвено, разумно, одлучно и навремено во делот на репресија“, додаде Тошковски.

Од возилата кои се движеа полека по скопските улици можеше да се видат граѓани кои излезени од прозорците или качени на покривите виорат албански знамиња.

To top