Измените на Казнениот законик најдобро се гледаат во денешната пресуда на Мухамед Зекири. Казната во старите одредби на законикот изнесуваше најмалку 5 години затвор (а најмногу 20), а со новите законски измени, затвор до 5 години, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-За косата на Радмила Шекеринска човек е казнет 4 години затвор, а за украдени 1 милион евра Зекири е осуден на две и пол години затвор. Ова се придобивките од шверцерските измени кои беа направени пред еден месец. СДС фразата „Нема правда нема мир“ ја претвори во мртво слово на хартија. Селективната правда е неправда, за едни правосудниот систем е мајка и дава благи казни, а за други е маќеа и драконски ги казнува. Во конкретниот случај, правосудните органи не се ни потрудија да ја прошират истрагата и да откријат кој се стои зад овој скандал со злоупотреба на народните пари. Самиот Зекири кажува дека целата постапка ја водел според тоа како му кажале во влада, особено според насоките на Фатмир Битиќи, кој бил одговорен за процесот и кој ги давал насоките за физибилити студијата за приватизација на македонски пошти, се наведува во партиското соопштение.
„Впрочем токму во тоа треба да се бара олеснителната казна за Зекири“ – велат од партијата.