На 26.11.2024 во 13.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Г.(39) од Скопје.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.