Македонија (OPCW) (2025–2027)

Македонија реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје

На гласањето, кое се одржа денес во Хаг, нашата кандидатура освои 86 гласови, во конкуренција со три држави за две слободни места.

Македонија реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје

За време на 29-та сесија на Конференцијата, Македонија, денеска успешно е реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) за периодот 2025–2027 година.

На гласањето, кое се одржа денес во Хаг, нашата кандидатура освои 86 гласови, во конкуренција со три држави за две слободни места.

Министерот Тимчо Муцунски на својата фејсбук страна истакна дека овој реизбор е потврда за нашата посветеност кон глобалните напори за разоружување и уништување на хемиското оружје, како и за нашата активна улога во поддршката на целите и принципите на Организацијата.

„Во следниот период, остануваме целосно посветени на зајакнувањето на меѓународната безбедност и примената на Конвенцијата за забрана на хемиското оружје.“, заклучи министерот Муцуски во својата објава.

Најнови вести од Македонија

To top