Општина Илинден отпочна со изградба на ново детско игралиште во населба Јака, пришто денеска увид во работните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.
Градоначалникот Георгиевски истакна дека ова е второ детско игралиште во Јака, па така децата и од овој дел на населбата ќе добијат ново катче каде ќе можат да го поминуваат слободното време во игра и забава. Градоначалникот додаде дека изградбата на ова детско игралиште се реализира како донација од општествено одговорната компанија Пекабеско. Преку овој проект уште еднаш покажаа дека се општествено одговорен член на заедницата.
Детското игралиште ќе биде опремено со детски реквизити како лизгална, форми на коњчиња, клацкалки, лулашка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, како и партерно уреден простор со павер елементи.
Новото детско игралиште претставува континуитет на успешните проекти и ќе биде нов уреден простор на најмладите во општината.