Скопје

Костовски: И оваа година општина Бутел креира буџет заедно со граѓаните

За стабилна, модерна, европска и просперитетна Општина Бутел, посочува Костовски.

Костовски: И оваа година општина Бутел креира буџет заедно со граѓаните

Заедно со граѓаните ја градиме иднината на Општина Бутел. И оваа година општина Бутел креира буџет заедно со граѓаните, посочува градоначалникот Дарко Костовски.

-Од денес тимови организирани од Општина Бутел ќе посетат голем број домови во сите населени места. Тимовите ќе собираат предлози и идеи за новиот буџет. Исто така, за поголема вклученост, граѓаните ќе имаат можност своите предлози, идеи, решенија да ги достават и преку дополнителните алатки за комуникација, информира градоначалникот.

Предлозите граѓаните на Бутел можат да ги доставуваат преку архива на Општина Бутел, меилот [email protected] и на телефонскиот број 075/274-421.

-Буџетот за наредната 2025 година ќе биде токму од предлозите од нашите граѓани за потребите на граѓаните. Општина Бутел и во наредната година ќе работи исклучително за потребите и во интерес на граѓаните. Продолжуваме со уште посилно темпо. За стабилна, модерна, европска и просперитетна Општина Бутел, посочува Костовски.

To top