Ако овој состав на СДСМ се претставува како новото лице и новата енергија на партијата, тогаш навистина треба да бидат загрижени за својата иднина, велат од ЗНАМ.
„Директорот на фондацијата Заев, Венко Филипче, вршител на должноста претседател на Акционерското друштво СДСМ, во доминантна сопственост на кланот од Струмица, денеска на конгресот си избра нов акционер од друштвото на Сорос.
Тажна е сликата на составот на новиот Централен одбор во кој нема никаков интелектуален капацитет, ниту реализирани личности во општествениот и јавен простор во Македонија.
Жално е што од една државотворна партија во која беше интегриран интелектуалниот крем на Македонија, партијата се сведува да ја раководат луѓе со сомнително минато, луѓе без никакви биографии, загубени и отуѓени од основната идеолошка матрица на социјалдемократијата.
Како шлаг на тортата ќе биде изборот на секретарите на партијата, со кој ќе се потврди управувачкиот пакет акции на Заеви“, се вели во соопштението на ЗНАМ.