„Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија“, рече во спонтан наплив на искреност новиот чувар на Заевиот трон. Во патетичниот говор кој Забрчанец меѓу два пропагандни текста набрзина му го склепал со една и единствена цел – јачање на поразените и паднати во депресија сопартијци, Вени алијас „ корона вакцина бонбона-бизнис“, влезе во филм на Черчил пред нападот на Нормандија и оддржа еден ултра-демагошки мотивациски говор, класична шарада зачинета со копи-пејст фразеолошки повраќаници од дузина различни светски извори. Целата папазјанија силно поткрепена и „појачана“ со надворешен „аут-сорсинг“ од кого друг, ако не од суверениот лизни-мазни Спасов.
А тој, со цел ум кажа, верувале или не, дека „ваков говор немало од времето на Црвенковски“?!?!?
Вауууууу, воскликнаа торжествено и во емоционален транс во истиот миг симултано паднаа на задникот сите комуњари, абе младо и старо се ничкоса и со грамаден аплауз кататонично се втурнаа во еклиптична есдесовска акламација. Па можно ли е? Се запрашаа во занес пресреќните екс тендераши и партијски клиенти и пациенти, па дали е „могуќе“ изусти мнозинството од нив. ФИЛИПЧЕ е НОВИОТ БРАНКО???? Непребол. Сите заедно, прегрнати удбаши, ознаши и останати остатоци од служби со солзи во очите, расшмркани носиња загрмија во ист глас, видливо облеани во силна надеж која вети нов старт на зарибаната најантинационална направија во светот, Венкова надеж која почна да ги зафаќа и загрева нивните напатени за власт и моќ срца. Ете, па што повеќе да посакате од враќањето на неприкосоновениот лидер, на основачот на комуњарштината, на едниот и единствен Бранко?!
Ок, толку со патетикиве, но не верувам дека некој го прашал дотичниот СДСС првенец БЦ, кој каков и да е, многу веројатно не би се согласил негов двојник да биде „прелетачот“ Венко. Арно ама, Спасов, кој по Беличанец е вториот најчест продукт на клистрацијата на СДСС лидерите, по навика не избира средства ниту зборови за да се упика некому, па очебијно сега станат без пари и во потрага по ново проектче или најмалку финансии за уште една најутка анкета на синот му, јавно изјаснување на кое можат да му подзавидат дури и американските декомократи со мега-промашувањето за Камала, пак си го бара лебот, со боринче…
Како и да е, настрана улизиците, но за промена, Филипчо беше искрен. Несакајќи де. Ставен на мака да консолидира и прилепи партија во расуло и распаѓање, нешто што ни Чак Норис не би можел да го залепи, пустиот в.д. чувар на тронот на Црпко, алијас лидер на СДСС, рекна дека „немало волшебни решенија за да станат власт“?! И, несакајќи, си призна дека досега ги имало.
Всушност, мистер модуларна болница/пеколна стапица во превод ни соопшти дека на лагер нема нов Преспански договр, нема ни Договор за „пријателство“, на повидок не се нуди небулозен Закон за двојазичност, а уште помалку некој Француски предлог. Со кажаното, Вени призна дека нема понуди за промена на име, никој не му дал ни за знамето, а немало ниет ни за нов Закон за територијална организација, уште помалку за купопродажба на македонска историја, ревоуционери, цареви и светци. Сето ова неговите претходници го средиле, за него останале само трошки на масата.
Призна јавно и дека биле сервилни кон коалициониот партнер, кон ДУИ разбира се, иако можеше уште попластично да долови на сцена како седум години егзистираа во облик на анаеробни бактерии во пробавниот тракт на ултра-гладните и никогаш ненајадени Ахметовци.
Јасно и гласно, со сентенцата „недостиг на волшебни решенија“ Венко незнаејќи и притиснат од Фројдовиот комплекс си кажа дека во моментот оваа клапа на СДСС нема шанси за нова продажба на националните интереси и панаѓур со идентитетските одредници. Па не може да дојде на власт. Таксират комуњарски. Т’канди, се затнало. Призна дека, барем засега, не можат да го прават она што го правеа цели 33 години наназад, одработувајќи за туѓи интереси и бели дворови. Ту јаз’к, штета, преголема.
И сега? Што правиме сега? Ќе ги засукаат ракавите првпат во животот и ќе почнат ли да работат неработниците задоени со Данинг-Кругеров ефект? Ќе станат конструктивна опозиција и ќе нудат решенија и ќе ја корегираат власта ли?
Јок, нема шанси. Како што старите кутриња не можат да научат нови трикови, така и комуњарите ќе останат она што се. Сеирџии и џаболебари. Ќе подметнуваат, девалвираат и релативизираат, несветото тројство на бандата од екс Бихаќка. СДСС класика. И притоа, во позиција на „низок старт“ желно ќе чекаат нова шанса, идно „волшебно решение“ за враќање на власт. Со силен елан ќе чекаат ќелепурите повторно да затреба насила да се менува нешто – химна, знаме, устав, држава, историја ли. Списокот на „можности“ е долг, а тие орни и како и секогаш ултра-расположени за коленичење, исполнување и потпушување. На сметка на Македонија и Македонците. И историски и емпириски докажано.
Волкот влакното го менува, но карактерот, никогаш. А, СДСС, тие ни влакно не менуваат. Дури и за тоа треба да се помачиш, да сработиш нешто…