Скопје 100 домаќинства

Интензивно се работи на фекална канализација за дел од Кадино

Средствата за реализација на овој капитален проект се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

Интензивно се работи на фекална канализација за дел од Кадино

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направил увид во изградбата на фекална канализација за дел од населеното место Кадино, во општина Илинден.

Како што истакнал градоначалникот Георгиевски во рамки на проектот се гради примарна мрежа со припадни краци на фекалната канализација за дел од населеното место Кадино во вкупна должина од околу 3500 метри, од кои досега се изградени 730 метри и се поставени 19 шахти.

-Оваа мрежа на фекална канализација преку препумпен уред и потисен цевковод ќе се поврзе со веќе изградената пречистителна станица во н.м. Кадино и ќе ги опфати домаќинствата кои немаат фекална канализација, а се наоѓаат во еден од најниските делови на населеното место и припаѓаат во источниот и јужниот дел од Кадино, рекол тој.

На овој дел од фекална канализација која во моментов се гради предвидено е да се приклучат приближно 100 домаќинства, додека останатите ќе бидат опфатени во наредниот период со изградбата на останатите фази од овој проект, со што населеното место Кадино ќе биде целосно покриено со систем на фекална канализација.

Средствата за реализација на овој капитален проект се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

To top