Денес, заедно со екипите на ЈП “Македонски шуми”, општинската администрација, тимот на Адинг, и со моето лично учество, започнавме голема акција на пошумување на опожарените површини во атарот на село Кучково!, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.
Повеќе од 20 хектари ќе бидат покриени со нов живот – над 40.000 садници црн бор, чемпрес и јасен ќе ја враќаат природната убавина и ќе придонесат за поздрава животна средина. Ова е важен чекор кон обновата на природата која беше уништена од пожарите пред неколку години, но и потсетник дека сите заедно можеме да направиме промена!
Голема благодарност до сите учесници во акцијата – од најмалите до најголемите, од екипите на терен до сите кои дадоа поддршка! Вашата посветеност е пример за тоа како се гради подобра иднина за сите нас.
Ова не е само пошумување, туку и завет за одговорност кон нашата природа и заедница. Продолжуваме заедно – за зелено и убаво Ѓорче!, пишува Стојкоски во својата објава.