Македонија Американски „Спасовски“ анкетари

Американските анкетари никако да сфатат: Како толку ја утнаа?

Политикологот Џош Клинтон од Универзитетот Вандербилт, шеф на работната група која ја истражуваше точноста на анкетите на минатите избори, изрази загриженост дека грешките во гласањето би можеле да ја зголемат недовербата на јавноста кон таквите истражувања.

Американските анкетари никако да сфатат: Како толку ја утнаа?

Откако републиканскиот кандидат Доналд Трамп убедливо победи на изборите на 5-ти ноември, агенциите за истражување на јавното мислење се обидуваат да сфатат како уште еднаш ја потцениле поддршката на Американците за поранешниот претседател.

Анкетите пред денот на изборите тврдеа дека кандидатката на демократите Камала Харис има процентен поен предност пред Трамп. Тој процент беше направен врз основа на десетици анкети спроведени на национални ниво коноваше на просечно десетици национални анкети кои ги компарала 538, онлајн страница за анализа на податоци во политиката и спортот.

Гласовите од 5-ти ноември наскоро ќе бидат целосно преброени и во моментов покажуваат дека Трамп на национално ниво води пред актуелната претседателка со 2 процентни поени – 50 проценти наспроти нејзините 48.

Грешката од три процента се случува откако анкетите во 2020 година беа погрешни и при проценувањето на поддршката на Трамп за 4 процентни поени и во 2016 година, кога разликата беше 2 процентни поени.

Овие разлики сè уште се во рамките на стандардните статистички грешки на агенциите, мерка за прецизноста на истражувањето на која влијаат голем број фактори. Но, фактот што анкетите постојано грешат во иста насока ги поттикна агенциите да се запрашаат дали имаат проблем да ги добијат вистинските одговори од поддржувачите на Трамп и на тој начин ја потценуваат неговата моќ.

„Тешко е да се извлечеш од идејата дека постои предизвик да се дојде до гласачите на Трамп“, смета Чарлс Френклин, анкетар од Marquette Law School во Милвоки, кој ги прегледува изборните анкети за Американската асоцијација на истражувачите на јавното мислење.

Дури и во изедначените „колебливи“ сојузни држави Аризона, Џорџија, Невада и Северна Каролина, каде што анкетите правилно ја предвидуваа победата на Трамп, неговата предност беше потценета за еден до три процентни поена.

Во „свинг“ државите од ткна Појас на ‘рѓата – Пенсилванија, Висконсин и Мичиген, каде Трамп заостануваше зад Харис во анкетите но на крајот победи, анкетите исто така му дадоа два до три процентни поена помалку.

Политикологот Џош Клинтон од Универзитетот Вандербилт, шеф на работната група која ја истражуваше точноста на анкетите на минатите избори, изрази загриженост дека грешките во гласањето би можеле да ја зголемат недовербата на јавноста кон таквите истражувања.

„Тоа ја делегитимира целата операција на начини кои мислам дека се доста штетни“, предупредува Клинтон.

И покрај непрецизноста, дел од експертите за анкети нагласуваат дека предвидувањето резултати до неколку процентни поени на неточност е сепак големо достигнување и дека истражувањата во иднина тешко дека ќе ги надминат.

Покрај тоа што помалку одговараат на своите телефони, масовното ширење на несакана електронска пошта и текстуални пораки последниве децении ги натерало Американците да се наклонети кон несакани контакти, се оправдуваат анкетарите.

„Ова е многу поинаков свет отколку што беше пред 20 или 30 години“, вели Кристофер Влезиен, политиколог од Универзитетот во Остин.

Американското здружение на анкетари верува дека дел од причината е што гласачите на Трамп, според нив, помалку одоварале на анкетните прашања.

Експертите веруваат дека исто така е можно анкетарите да прават грешки кога ги обработуваат необработените бројки и ги фаворизираат одговорите од оние за кои веруваат дека имаат поголема веројатност да излезат на гласање.

Велат и дека, се чини, оти особено тешко е да се мери поддршката за Трамп. Анкетите не беа толку погрешни пред среднорочните избори во 2018 и 2022 година кога Трамп не беше на гласачкото ливче. Ова сугерира дека на претседателските избори можеби се случува нешто поинакво, бидејќи излегуваат оние кои гласаат само повремено.

Две третини од гласачите гласаа оваа година, додека само половина од Американците со право на глас гласаа на конгресните избори во 2022 година, според анализата на Универзитетот во Флорида.

Најнови вести од Македонија

To top