Францускиот претседател Емануел Макрон по средбата со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Рио де Жанеиро изјави дека Кина има клучна улога во избегнувањето на нуклеарен конфликт.
Макрон рече дека за време на состанокот со Шји на маргините на самитот на Групата 20 (Г20), побарал од него да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната со Украина.
Францускиот претседател рече дека Кина треба да се заложи за деескалација откако Русија донесе одлука да го резервира правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија врз неа користејќи конвенционално оружје, како и за наводно испраќање севернокорејски трупи да се борат на страната на Русија, објави тој Ројтерс.
Макрон претходно изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден донела добра одлука дозволувајќи и на Украина да користи американско оружје со долг дострел за напади во Русија.
Тој рече дека одлуката на администрацијата на Бајден е донесена поради распоредувањето на севернокорејски војници во Украина.