Најтрофејниот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се договори за нов договор со клубот.
Веста ја објави магазинот „Атлетик“ а според информациите, тој е продолжен за една година и содржи опција за продолжување на уште една.
Се очекува информацијата да биде и официјално објавена наредните денови. Инаку, актуелниот договор на Пеп истекува на крајот од оваа сезона.