Во едно од ретките појавување во јавност по мега-аферата со лумперајката со Заев во Дубаи, претседателот на СДСМ и честиташе на Шеќеринска:
„Честитки, Радмила!
Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО – најмоќниот воено политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност, силно верувам дека успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат.
Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност.“ вели во својата честитка Венко Филипче, првиот човек на СДСМ