Свет Светот врие

Кремљ со „нуклеарен“ одговор на дозволата за Украина за користење ракети со долг дострел

„Промените се веќе практично формулирани. Тие ќе бидат формализирани по потреба“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за државната новинска агенција ТАСС.

Кремљ со „нуклеарен“ одговор на дозволата за Украина за користење ракети со долг дострел

Измените на руската нуклеарна доктрина се подготвени и ќе бидат формализирани по потреба, објави Кремљ.

„Промените се веќе практично формулирани. Тие ќе бидат формализирани по потреба“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за државната новинска агенција ТАСС.

Сегашната нуклеарна доктрина на Русија, објавена од претседателот Владимир Путин во 2020 година, наведува дека Русија може да користи нуклеарно оружје доколку непријателот ја нападне со нуклеарно оружје или во случај на конвенционален напад што би го загрозил постоењето на државата.

Путин рече дека промената на нуклеарната доктрина значи дека Русија ќе го смета нападот од ненуклеарна држава поддржана од држава со нуклеарно оружје за „заеднички напад“. Ова може да се толкува како закана за употреба на нуклеарно оружје во војната во Украина.

To top