Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, денеска изрази надеж дека земјите-членки на ЕУ ќе ѝ дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел за напади во Русија.
– Повторив дека Украина треба да биде во можност да го користи оружјето што ѝ го дадовме, не само за да ги „запре стрелите“, туку и за да ги погоди „стрелците“. Сè уште верувам дека тоа треба да се направи. Сигурен сум дека повторно ќе разговараме. Се надевам дека земјите-членки ќе се договорат за тоа – рече Борел во пресрет на средбата со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.