Скопје Водечки индивидуален спорт

Меѓународен турнир во таеквондо во општина Илинден

На овој врвен меѓународен турнир присуствуваат градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, пратеничката Драгана Бојковска, како и големи спортски имиња од областа на боречките вештини.

Меѓународен турнир во таеквондо во општина Илинден

Во спортската сала „Гоце Делчев” во општина Илинден се одржува Меѓународен турнир во таеквондо на кој учествуваат 350 натпреварувачи од Македонија и соседните држави.

Овој Меѓународен турнир е во организација на таеквондо клубот „Младост“, а под покровителство на Општина Илинден и Македонската Таеквондо Федерација.

На овој врвен меѓународен турнир присуствуваат градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, пратеничката Драгана Бојковска, како и големи спортски имиња од областа на боречките вештини.

-Пред големиот број присутни се обрати градоначалникот Георгиевски кој ги поздрави спортистите, им посака многу среќа во натпреварите и го прогласи турнирот за отворен. Меѓу другото градоначалникот истакна дека тој е голем поддржувач на спортот и секогаш е дел од ваквите спортски случувања кои оставаат белег во спортскиот живот во општина Илинден, но и позитивен пример за афирмација и промоција на различни спортски дисциплини. Овој спортски настан ќе продолжи да се одржува и во иднина, затоа што Илинден е општина со традиција во овој спорт. Таеквондо е водечки индивидуален спорт во Македонија и мило ни е што се практикува и во нашата општина, велат од општина Илинден.

Таеквондо е вековна боречка вештина која со своите правила и техники е вистински психички и физички предизвик. Натпреварите се одвиваат во најдобар ред во позитивен спорски дух, а љубителите на овој спорт имаат можност да погледнат брзи и динамични борби.

To top