На 15.11.2024 во 20:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.