Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Со развојниот буџет за 2025 година ќе се обезбеди забрзана економска и финансиска трансформација на Македонија

Освен зголемувањето на приходите, Владата ќе ги намали и расходите, така што во делот на буџетската ставка набавка на стоки и услуги, следи намалување од 0.5%.

Со развојниот буџет за 2025 година ќе се обезбеди забрзана економска и финансиска трансформација на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија која посветено и домаќински работи на забрзана економска, финансиска и инфраструктурна трансформација на Македонија. Идната 2025 ќе биде развојна година со многу капитални инвестиции, развој на стопанството и зголемен животен стандард и благосостојба за граѓаните, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-За таа цел, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ подготви развоен буџет, кој ќе ја поддржи и обезбеди раст на македонската економија од 3,7%. Во буџетот 2025 година се проектира раст на приходите од ДДВ за 10.5% повеќе од сега, додека растот на приходите од царини ќе биде 20%, нешто што ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е можно со напорно и домаќинско работење со преземањето на власта, се наведува во нивното соопштение.

Освен зголемувањето на приходите, Владата ќе ги намали и расходите, така што во делот на буџетската ставка набавка на стоки и услуги, следи намалување од 0.5%.

-Со вака зголемените приходи и намалени трошоци, во буџетот ќе останат повеќе пари кои што ќе завршат директно кај граѓаните. Токму затоа, буџетот за 2025 година вклучува и социјална компонента со која се предвидува зголемување на приходите на сите граѓани, така што ќе има покачување на платите и пензиите. Со буџетот за следната година ќе следи и ново покачување на платите на наставниците и образовните работници од основното до високото образование. Исто така, покачување на платите ќе добијат и здравствените работници, државната администрација и македонската полиција, а ќе следи и второто линеарно покачување на пензиите од 2500 денари за сите пензионери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сето ова говори дека 2025 година ќе биде развојна година со многу инвестиции, развој на стопанството и зголемен животен стандард и благосостојба на граѓаните, а за тоа ќе придонесат и осумте нови странски инвестиции кои владата веќе ги договори.

Забрзаната економска, финансиска и инфраструктурна трансформација на Македонија веќе започна, а на тоа посветено работи владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“ – пишува во соопштенето.

Најнови вести од Македонија

To top