Регион ЕУ се затвора

По Германија, Холандија враќа граници: Му се гледа крајот на Шенгенот?

Холандската министерка за миграција Марјолеин Фабер ја објави политиката во соопштение за печатот откако потегот доби зелено светло од Кабинетот. „Време е да се справиме со нерегуларната миграција и криумчарењето мигранти на конкретен начин. Затоа од почетокот на декември ќе почнеме повторно да воведуваме гранични контроли во Холандија“, се вели во изјавата на таа.

По Германија, Холандија враќа граници: Му се гледа крајот на Шенгенот?

Холандската влада објави дека воведува дополнителни проверки на нејзините копнени граници за борба против нерегуларната миграција, слична на политиката што ја воведе Германија во септември. Тоа е најновиот потег на тврдодесничарската влада во земјата, чија цел е да ја заузда имиграцијата, додека антимигрантското расположение е во пораст низ Европа.

Холандската министерка за миграција Марјолеин Фабер ја објави политиката во соопштение за печатот откако потегот доби зелено светло од Кабинетот. „Време е да се справиме со нерегуларната миграција и криумчарењето мигранти на конкретен начин. Затоа од почетокот на декември ќе почнеме повторно да воведуваме гранични контроли во Холандија“, се вели во изјавата на таа.

Мерката ќе стапи на сила на 9 декември. Според правото на Европската унија, земјите мора да го известат Брисел четири недели пред да ја ограничат слободата на движењето.

Претходно оваа година, Фабер му соопшти на Брисел дека и Холандија сака да се откаже од обврските на ЕУ за бегалците.

Герт Вилдерс, чија антиимиграциска партија освои најголем дел од местата на изборите минатата година, објави на социјалните мрежи дека неговата партија ПВВ „испорачува што ветила“. Вилдерс бара затворање на холандските граници повеќе од една деценија.

To top