Нервозата и очајот си го прават своето. Ова е најкусата констатација по социјалните мрежи на вчерашниот испад на поранешниот министер, потпретседател на СДСМ и актуелен пратеник Фатмир Битиќи, кој како што ценат по Фејсбук „ѓоамити маалски тепач скокна од говорница и се залета со очебиен ниет физички и примитивно да се пресмета со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски“.
Уште од говорница, Битиќи неколку пати се закани со зборовите: „Уште еднаш немој да го употребиш тој збор. Прв и последен пат“, по што ја прекина репликата и спремен за физичка пресметка се упати кон пратеникот Бојан Стојановски кој седеше во првите редови пред него.
Една од шегите по Фејсбук е дека „вчера во собранието видовме собраниска екранизација на „Доктор Џекил и мистер Хајд“ на Роберт Луис Стивенсон и јавна трансформација на политичар кој до вчера се претставуваше како умерен и културен лик во кооперациски, маалски насилник“. Другите коментари целат кон неверојатниот Хулк, кој кога ќе се налути, пука и расте. На сеоцијалните мрежи се води дебата кому повеќе му личи актот на довчерашниот министер.
Други по Фејсбук ценат дека бил гладен и му препорачуваат „Изеди Сникерс, брат, не си ист кога си гладен!“
А „сигурно“, се шегуваат на сметка на Битиќи по парламентарните кулоари, „СДСМ прочитале некаде во Деловникот дека пратеник може и смее да се тепа по собрание доколку некој не се согласува со неговите ставови и јавно го коментира истото“. Како што го толкуваа истиот тој Деловник и на 27 април 2017-та година, можеби. Друго, ова во многу што зборува и за не/културата која владее во партијата, квалитетите на раководството и нивото на однесување на кое се спуштени опозиционерите гневни што не се на власт.
Познавачите на состојбите велат дека ова е јасен одраз на силната нервоза која владее во СДСМ и која видно влијае на нивните пратеници и особено на раководството на партијата кое лично ја доведе партијата до ова дереџе од бедни 18 пратеници кои се поверојатно се само 17, имајќи предвид дека Моника Зајкова од ЛДП дејствува независно од коалицијата и прифаќа одложена примена на Уставните измени, нешто што за СДСМ, Филипче и Битиќи е незамисливо.
Уште побитно е што Битиќи е дел од раководството на СДСМ кое со погрешните одлуки е директно виновен за состојбата во која е донесена партијата, која за помалку од година дена ја чека ново соочување со граѓаните на Локалните избори. Анкетите и распололжението на граѓаните навестуваат уште пострашен дебакл за СДСМ од оној на парламентарните, резултат за кој Локалните избори од 2021-та ќе бидат само сон, иако и тие беа дебакл. Така што, неровзата и очајничките потези се повеќе од оправдани и очекувани, ценат познавачите на македонската политичка сцена.
Јазот и разлоиката меѓу рејтингот на актуелната власт и неинвентивната опозиција ќе се зголемува уште повеќе, така што се најавуваат уште многу вакви непримерни за пратеник реакции од редовите на народните избраници на партијата од Бихаќка. Велат, исто како што до вчера демек урбаниот политичар вчера го покажа своето вистинско лице, во најава е демистификација и јавна трансформација и на многу други ликови.