Хроника Штип

Сцени како од турска серија во Македонија: Турци кидналирале сонародници и им се заканувале – еве ги деталите

Од нив било одземено возилото, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.

Сцени како од турска серија во Македонија: Турци кидналирале сонародници и им се заканувале – еве ги деталите

На 13.11.2024 во 23.20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Ч.Т.(50), Ј.Б.Т.(26) и  Ј.Џ.Т.(23), сите од Република Турција, со живеалиште во с.Стар Караорман, штипско.

Тие се сомничат дека претходно со уште неколку лица со употреба на сила го внеле Е.Е.(19) од Република Турција, со живеалиште во Штип, во возило „форд“ и со закани барале пари од него и неговата 19-годишна девојка, исто така од Република Турција со живеалиште во Штип, поради наводен долг за претходно завршена услуга.

Од нив било одземено возилото, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

To top