Денеска (13.11.2024) полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 17-годишен малолетник од Сколје поради основи на сомнение дека извршил две кривични дела: “тешка кражба на дрзок начин” пријавено на 12.11.2024 од Р.М.Џ. од Скопје и „разбојништво” пријавено на 12.11.2024 од Б.Х..
Со малолетникот, во присуство на родител и адвокат, извршен е службен разговор, во кој го појаснил начинот на извршување на кривичните дела.
Од него се одземени предмети поврзани со кривичните дела.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава против малолетникот по член 236 став 3 и член 237 во врска до член 19 од КЗ.