Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ следната недела ќе разговараат за можностите за мобилизирање големи средства за помош на Киев, вклучително и од замрзнатите руски средства, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски за ТВН24.
– Она што нè очекува е можеби клучен состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ следната недела, бидејќи на него може да се донесат или да не се донесат многу важни одлуки за тоа дали сме подготвени да обезбедиме вистински средства, на пример од замрзнати руски средства, за поддршка на Украина, дали сме подготвени да и дадеме на Украина една година да ги зајакне своите преговарачки позиции, рече тој.
Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, на 12 ноември во Варшава изјави дека Унијата треба да ја разгледа можноста за зголемување на поддршката за Украина по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.