Денеска (12 ноември) во Министерство за одбрана, министерот Владо Мисајловски се сретна со амбасадорот на Чешката Република, Н.Е. Јарослав Лудва.
На средбата министерот Мисајловски изрази благодарност до Чешката Република, за поддршката во развојот на капацитетите на Армијата и за силната поддршка на нашата земја во евроинтегративните процеси.
Мисајловски и Лудва разговараа за продлабочување на одбранбената соработка во различни области со цел зајакната безбедност и посилни капацитети на двете земји.