На 11.11.2024 во 18.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после првиот тунел кај Демир Капија, товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(54) од с.Инџиково, скопско, удрило во заштитна ограда.
-На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, информира МВР.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.