Свет разговор

Трамп и Нетанјаху разговарале три пати за неколку денови: Како ќе биде позициониран САД кон Израел?

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп остварил 70 телефонски средби со лидери меѓу кои и првиот човек на Израел, Бенјамин Нетанјаху. Израелскиот премиер во неделата изјави дека три пати разговарал со новоизбраниот американски претседател во изминатите неколку дена за да го зајакне здравиот сојуз меѓу Израел и САД, објави Ројтерс.

„Ова беа добри и многу важни разговори“, рече Нетанјаху во изјавата.

Без да оди во детали Нетанјаху се осврна на, како што вели, „иранската закана“.

„Ги делиме истите ставови за иранската закана, со сите нејзини компоненти и опасноста што ја претставува. Гледаме и големи можности за Израел во областа на мирот и неговото проширување, како и во останати области“, додаде тој.

Првиот мандат на Доналд Трамп во 2016 година во однос на ова прашање е одбележано со неговата контроверзна одлука за признавање на Ерусалим за главен град на Израел. Со овој потег, Трамп одобри американската амбасада да биде преселена од Тел Авив во Ерусалим.

Тогаш Израел ја поздрави промената, но палестинските и арапските лидери предупредија дека ова би можело да ги загрози мировните преговори за Блискиот Исток.

To top