Украина соопшти денеска дека од руските власти примила тела на 563 војници, кои загинале во борбите во источниот регион Доњецк.
-Телата на 563 загинати украински бранители се вратени во Украина, соопшти Координативниот штаб за третман на воени затвореници во соопштение на социјалните мрежи.