Свет

Орбан предвидува дека новата американска влада на Доналд Трамп ќе ја прекине помошта за Украина

Новата американска администрација на Доналд Трамп ќе прекине да дава помош за Украина во нејзината борба против руската инвазија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан пред состанокот на Европскиот совет во Будимпешта.

Орбан е домаќин на самитот на ЕУ еден ден по состанокот на Европската политичка заедница, на кој присуствуваа лидери на ЕУ и највисоки претставници од 47 европски земји.

На денешниот состанок на Европскиот совет војната во Украина ќе биде една од главните теми.

Повеќето од највисоките функционери на 27-те земји на ЕУ веруваат дека снабдувањето на Украина со оружје и пари е клучно за безбедноста на континентот.

Најнови вести од Свет

To top