Напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди заработи тешка повреда и ќе го пропушти остатокот од сезоната, соопштија од клубот.
Аргентинецот заработи тешка повреда на десното колено по синоќешниот натпревар од Лигата на Европа против Тотенхем, кој турскиот тим го доби со 3-2.
Икарди ќе биде опериран, а потоа ќе започне со рехабилитација.