Македонија Печурки по дожд

„Сончоглед-ефект“ и во Македонија: На Османи му текна дека и Ахмети се сретнал со Гренел во Скопје

Наеднаш, на Бујар Османи случајно му текна дека и Али Ахмети се сретна со Ричард Гренел, блискиот соработник на Доналд Трамп. Останува нејасно, зошто ДУи тогаш не објави инфо за средба во Скопје, нешто со кое сигурно би се фалеле. Или, поверојатно, не сакале да таласаат затоа што тогаш Трамп беше само кандидат за претседател, а сега кога е јасно дека е новиот шеф на државата, не ена одмет да се обелодени нешто што можеби и не се ни случило… „Така што тоа што и премиерот и Ахмети се сретнаа со Гренел, а Гренел е во потесниот круг на Трамп, е добро за нас“ – вели Османи.

Бујар остана познат како министер за надворешни работи кој на заминување потпиша решение за ТВ водителката новинарката Бесмира, која што тој во 2022 година сакаше да ја прати за Генерален конзул во Њујорк, но се повлече под притисок од јавноста.

„Сончоглед-ефект“ и во Македонија: На Османи му текна дека и Ахмети се сретнал со Гренел во Скопје

Победата на Доналд Трамп предизвика лавина на реакции и честитки, дел од нив и од ликови кои до вчера беа силни подджувачи на демократите и Харис. „Сончоглед“-ефектот не ја заобиколи ниту Македонија, каде довчерашните „окорели“ Бајденисти и луѓе кои со камења фрлаа по Трамп, го ругаа дека е фашист, употребувајќи најнизок и ултрабезобразен вокабулар, наеднаш во средата се разбудија како Трамписти. Ова не ги одбегна ниту партиите. Голем дел довчерашни поддржувачи на демократите наеднаш сфатија дека, всушност, биле републиканци.

По инстант-трансформацијата на ставовите на челниците на ДУИ и особено СДСМ, се очекува и јавување на болументата на дежурните пискарала Дерала, Иванов, Бојаровски и останата СДСМ и ДУИ новинарска ергела која силно се излизга со своите ставови и изјави. Прашањето е само, како ќе ги измијат довчерашните медиумски повраќаници кои без срам и перде и ги презентираа на јавноста. Со години…

Така, во наплив на враќање на меморија и сеќавања дека се „блиски“ до републиканците и ексминистерот Османи сега тврди дека и Али Ахмети, покрај премиерот Христијан Мицкоски, во Скопје се сретнал со блискиот соработник на Трамп, Ричард Гренел, за кој  е извесно дека ќе биде еден од важните функционери на новата американска администрација за нивната надворешна политика.

– Гренел е добар познавач на околностите овде и има лични контакти. Тој е запознаен со политиката овде. Мислам дека тоа е добро. Затоа што кога имате некој во внатрешниот круг на Трамп кој ги знае околностите, тоа значи подиректен ангажман. Така што тоа што и премиерот и Ахмети се сретнаа со Гренел, а Гренел е во потесниот круг на Трамп, е добро за нас. Сметам дека ни треба повеќе американски ангажман и за последното прашање со Бугарија и ЕУ и тоа може да биде дополнителна вредност – вели Османи.

Тој остана познат како министер за надворешни работи кој на заминување потпиша решение за ТВ водителката новинарката Бесмира Ејупи, која што тој во 2022 година сакаше да ја испрати за Генерален конзул во Њујорк, но се повлече под притисок од јавноста.

Доколку новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и САД директно и формално се вклучат во гарантирањето на процесот на европска интеграција на Македонија, може да се создаде порелаксирана атмосфера во земјата за влез во поадминистративниот дел од преговорите за членство во ЕУ, вели поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи во врска со блокираниот европски пат на земјава.

Османи вели дека Трамп и неговата администрација имаат различен пристап кон меѓународната политика. Трамп повеќе сака резултати сега, отколку дипломатија и разговори до бесконечност и билатерализација наспоти мултилатеризација.

– Мислам дека е доволно во оваа фаза Америка да биде тој гаранторот на дилемите овде, дали е ова последно барање или не. Тоа што го направи на пример германскиот Бундестаг во однос на идентитеските прашања. Доколку претседателот Трамп и Америка се вклучат директно и формално во гарантирањето на процесот, мислам дека може да се создаде една порелаксирана атмосфера овде, за да се влезе во тој поадминистративен дел на членството во ЕУ – рече Османи во емисијата „360 степени“’ на МРТ1.

 

Најнови вести од Македонија

To top