РЦУК по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“ соопштува дека поради изведување на водоводен приклучок Ф 200“ на улица Иван Козаров бр.49, без вода ке останат корисниците од улиците Иван Козаров, Божидар Аџија, Марко Цепенков, Доситеј Обрадовиќ, Киро Крстевски, дел од улица Вера Јоциќ и дел од улица Георги Димитров од 09:00 часот до завршување (Општина Кисела Вода).
Натаму, поради дефект на приклучна цевка Ф1 на улица 11 Октомври бр.бб (пред ресторан Ив), без вода ке останат корисниците на дел од улицата „11 Октомври“ (потегот од „Билна Аптека“ до Рампа), од 09:00 часот до санирање на дефектот (Општина Центар).