Фудбал

Македонските фудбалерки против Косово и Летонија во Лигата на нации

Македонската женска фудбалска репрезентација ќе игра против Косово и Летонија во рамки на групата Ц 6 од втората сезона во Лигата на нации, одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Натпреварите од групната фаза ќе се играат во февруари, април и јуни 2025 година, а пласман во повидок ранг ќе обезбедат првопласираните репрезентации во шесте групи во Ц дивизијата, додека двете најдобро второпласирани селекции ќе играат плејоф.

Селекторот на македонската репрезентација Александар Андов ја оцени денешната жрепка како поволна.

-Морам да признаам дека добивме група по мерка. Се работи за противници кои ни се добро познати и со кои бевме во група во изминатите два циклуса. Мислам дека сега е вистинското време да го направиме тој чекор напред и да успееме да го освоиме толку посакуваното прво место во групата. Верувам дека можеме, умееме и имаме квалитет за такво нешто, истакна Андов в изјава за официјалниот сајт на ФФМ.

To top