Македонија

Николоски: 10 милиони евра инвестираме само оваа година за инфраструктурен развој на Битола

Инвестираме 10 милиони евра во Битола оваа година за да го развиеме градот, инфраструктурно да го подобриме и да создадеме услови младите да останат во Битола, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната работна посета во општина Битола.

Николоски: 10 милиони евра инвестираме само оваа година за инфраструктурен развој на Битола

Инвестираме 10 милиони евра во Битола оваа година за да го развиеме градот, инфраструктурно да го подобриме и да создадеме услови младите да останат во Битола, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната работна посета во општина Битола.

Министерот Николоски, заедно со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и директорот на АД за стопанисувње со станбен и деловен простор од значење на Републиката, Марјан Стефановски, го означија почетокот на изградба на нова станбена зграда што се реализира преку Акционерското друштво.

Зградата е со вкупно 65 станови, со 100 паркинг места, инвестиција од 209 милиони денари. Министерот Николоски истакна дека во Битола се случува инвестициски развој преку реализација на проекти во патната, комуналната и урбаната инфраструктура.

“ Со оваа инвестиција ќе го регулираме пазарот на недвижности и ќе понудиме многу реални цени на становите. Моментално цената на квадратот во Битола, Охрид, Скопје се многу високи. И со ова зграда можам да најавам дека ќе понудиме за најмалку 30 до 40 проценти пониска цена од онаа што е моментално на пазарот. Ќе ставиме крај на уцените на градежниците и ова е само почеток. Во следната година ќе го развиваме и проектот Купи куќа за млади и ушпте многу други проекти од станбената политика”-истакна министерот Николоски.

“Завршена е реконструкција на 7 улици во населба Недопирливи, во тек е реконструкција на ул. Индустриска околу 700 илјади евра. Денеска се избира изведувач за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа на 4 улици, ул. „11 Март“, ул. „Панде Николов“, ул. „Козара“ и ул. „Чеде Филиповски во вредност од 200 илјади евра. Сo одлука на Влада на Битола и се доделени 2,7 милиони евра за оваа година, следната ќе бидат двојно. Исто така се реконструира влезот на Битола околу 2 милиони евра, оваа комерцијална зграда која чини околу 3,5 милиони евра. И со сите овие проекти придонесуваме за економски развој на градот, стимулирање на економијата и отворање на нови работни места”- потенцираше министерот Николоски.

Директорот на АД за станен и деловен простор истакна дека зградата ќе биде завршена до август 2026 година.

За градоначалникот на општина Битола овие проеки се многу значајни за економскиот и урбан развој на општината. Тој потенцираше дека со финаниската подршка од Владата, од вкупно 15 прифатени проекти дури 13 се преку Mинистерството за транспорт.

To top