Во текот на изминатото деноноќие во полицискиот билтен се регистрирани повеќе апсења за дрога на подрачјето на Скопје.
На 06.11.2024 во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода М.К.(22) од с.Бардовци, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Во 23.50 часот во Скопје, пак, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, ги лишиле од слобода Б.А.(37) и Т.М.(43), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја и нож.
Вчера во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Во 20.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(23) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Додека пак во 17.00 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.В.(42) од с.Ново Село, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и дигитална вага.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.