Скопје Гази Баба

Нова фитнес зона во Инџиково

Создадовме простор на кој младите ќе имаат можност да спортуваат и рекреираат, изјави Стефковски.

Нова фитнес зона во Инџиково

Направивме увид на активностите за поставување на фитнес зоната во Инџиково која ја градиме во рамки на спортскиот комплекс „Горан Стојменовиќ“. Дополнително во овој спортски комплекс поставивме и вештачка трева на игралиштето за мал фудбал, објави Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба.

-Создадовме простор на кој младите ќе имаат можност да спортуваат и рекреираат, изјави Стефковски.

Тој додаде дека во изминатиот период фитнес зони изградивме во населените места Керамидница, Колонија, Триангла, Стајковци, Хиподром и денес во Инџиково.

-Продолжуваме со инвестиции во спортската инфраструктура бидејќи младите луѓе го заслужуваат тоа, објави Стефковски на својот фејбук профил.

To top