Познати Се огласи и Карамела

Мајката на Ксенија Пајчин гневна поради снимањето на филм за нејзината покојна ќерка: Сè е лага и измама, газите над мртвите – ќе има тужба!

-Не сакам повеќе да зборувам за Ксенија и нема да откривам ништо. Кога би сакал, би напишал книга или би бил косценарист, но го одбив тоа пред две години, бидејќи не ме интересира. Она што го имам за неа, го носам во гроб и не сакам да откривам приватни работи, а не можеш да снимаш филм без приватен живот, рече тој.

Мајката на Ксенија Пајчин гневна поради снимањето на филм за нејзината покојна ќерка: Сè е лага и измама, газите над мртвите – ќе има тужба!

Најавата за снимање на филмот за трагично загинатата пејачка Ксенија Пајчин предизвика полемика во јавноста, особено откако се појави информација дека нејзината мајка Љубица Пајчин не дала согласност за проектот.

Овие наводи ги потврди братот на Љубица, а во оваа прилика и познатиот шоумен и водител, Горан Стојиќевиќ – Карамела, близок пријател на Ксенија и нејзината мајка, потврди дека Љубица не дала дозвола и дека била шокирана и гневна од тврдењата дека одобрила снимање на филмот.

-Нејзината мајка воопшто не даде согласност, јас сум пријател со Љубица и продолжив да се дружиме и по тој кобен ден кога беше убиена Ксенија. Жената е апсолутно против, ниту некој ја прашал, ниту дала согласност, жената се згрозила од сето ова, шокирана е што некој вели дека се согласува, тоа е многу грдо, рече Карамела, па продолжи:

„Нека ви ја покажат писмената дозвола, нејзиниот потпис. Ова е време на лаги и измами, но не е правилно да се гази над мртвите. Љубица беше очајна. И понудив да дадам изјава затоа што не може, 15 години не може да зборува за сето ова“.

Стојиќевиќ истакна и дека не знае кој е актерот Раде Ќосиќ, кој прв ја сподели во јавноста веста за снимање филм според ликот и делото на Ксенија Пајчин, нагласувајќи дека има одобрение од семејството. Сепак, тие сега се подготвени да преземат законски чекори, доколку проектот се реализира.

-Ако се снима филмот, логично е да поднесат тужба. Се подразбира, но во моментов таа нема информации, тоа е само приказна. Таа приказна дојде од тој актер, не ни знам кој е, бидејќи веројатно улогата на убиецот може да му значи во текот на целиот живот. Не знам само за што, ќе стане ли име на сметка на улогата на убиецот? Добро, тоа е негов проблем, но не знам од каде ја доби информацијата за со толкава сигурност да каже дека е дадена согласност, изјави Карамела.

To top