Поранешниот потпретседател Мајк Пенс, кој се раздели од Трамп во 2021 година кога тој одби да го запре сертифицирањето на Џо Бајден како претседател, вчера му честиташе на неговата изборна победа.
-Американскиот народ зборуваше и Карен и јас упатуваме искрени честитки до новоизбраниот претседател Доналд Трамп и неговото семејство за неговиот избор за 47-ми претседател на Соединетите држави, рече Пенс во објавата на „Х“.
„Исто така, испраќаме честитки до новоизбраниот потпретседател Џ.Д. Венс и неговото семејство за неговиот избор за потпретседател на Соединетите држави“, наведе Пенс.
Пенс (65) се спротивстави на Трамп на републиканските претседателски прелиминарни избори, но се откажа во октомври 2023 година, велејќи дека неговата кампања не успеала да добие привлечност.
Откако Трамп ги загуби изборите во 2020 година, тој се обиде да го убеди Пенс да ја спречи потврдата за победата на Бајден во американскиот Конгрес. Пенс одби. Собирот во Капитол на 6 јануари 2021 година беше привремено прекинат од поддржувачите на Трамп, кои упаднаа во парламентарната зграда во Вашингтон. (МИА)