Искрени честитки до претседателот Трамп за неговата победа на претседателските избори во Соединетите Американски Држави. Овој значаен момент ја одразува силата на американската демократија, пишува претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши.
-Македонија била и ќе остане силен сојузник на развојните и стабилизациските политики на Соединетите Држави. Непоколебливата посветеност на САД за безбедноста, просперитетот и евроатлантската интеграција на Македонија беше и останува еден од клучните столбови на нашата надворешна политика и постојан извор на поддршка. Посакувајќи му успех во водењето на земјата и во реализацијата на неговата агенда за иднината, ја изразуваме нашата целосна подготвеност за продлабочување на соработката со новата американска администрација, за зајакнување на нашето стратешко партнерство, напиша тој на својот Фејсбук профил.