Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Неосвестениот богаташ од Дубаи предложува законско решение со низа на грешки

Стојаноски посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да поддржи едно вакво законско решение, бидејќи продолжува дневно политичко препукување со економски теми од истите луѓе кои што ја донесоа Македонија во ваква девастирана економска состојба.

Стојаноски: Неосвестениот богаташ од Дубаи предложува законско решение со низа на грешки

Веројатно се уште неосвестениот богаташ од Дубаи, предложува законско решение кое што исто како и претходно предложеното, со низа на грешки. Прво, со промашен процент за минималната плата, едноставно, како што беше напишан не можеше да влезе во собраниска процедура. Сега поднесува законско решение, со кое што, замислете, ќе се намалувало ДДВ-то на храната, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Лидерот на СДСМ во друштво со економските креатори на Владата на СДСМ од тој период, Фатмир Бетиќи и Димитар Ковачевски, предлага вакво решение иако истите тие луѓе претходно четири пати одбија такво законско решение. Да ја потсетам јавноста, го покачија ДДВто на над 2000 прехранбени производи од 5 на 10% и ни делеа нутриционистички совети дека голем дел од таа прехрана не била здрава, па затоа се покачува данокот. Дополнително, кажа една лага. Апсолутно нема врска со вистината дека потрошувачката кошничка се намалила само за 57 денари. Да ги слушаа синдикатите и да имаа посериозна комуникација со нив, ќе знаеја дека тоа не е вистина, бидејќи цената за храната за 30 дена се намали за 965 денари. Манипулацијата со цената на минималната синдикална кошничка ја прави Венко Филипче, искористувајќи го покачувањето на цената на облеката, која што воопшто не е во иста коресподенција за она што нам ни е укажано, рече тој.

Стојаноски посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да поддржи едно вакво законско решение, бидејќи продолжува дневно политичко препукување со економски теми од истите луѓе кои што ја донесоа Македонија во ваква девастирана економска состојба.

-Ваквите законско решенија не придонесуваат за зголемување на квалитетот на живот на граѓаните, туку за креирање на дневно политички теми, преку законски решенија полни со технички грешки, кои што потоа се поправаат на наредните прес-конференции, проследени со извинување. Законот за нефер трговски практики веќе е влезен во сила. Неделава очекувам да биде комплетиран составот комисијата за заштита од конкуренција и веднаш да започне со работа, контролирајќи ги договорите кои што се склучени во согласност со тој закон. Го повикувам Венко Филипче со неговата пратеничка група, денес да почнат да го разгледаат буџетот кој што треба да влезе во собраниска процедура и да ја закажат собраниската расправа, да не бегаат од собраниска расправа. Да ги видат ставките за покачувањето на пензиите, за покачувањето на платите, за капитални инвестиции. Да дадат амандмани кои што ќе бидат сериозни и кои што ќе може да се поддржат. На тој начин најдобро може да придонесат за подигнување на стандардот на граѓаните. Да ги напуштиме ваквите политички тези кои што немаат врска со реалноста и да се фокусираме на конкретни работи кои што може да го подобрат стандардот на граѓаните, посочи тој.

Најнови вести од Македонија

To top